Новинарите го налутија Гатузо: Ако вие очекувавте да биде 11-1, не е мој проблем

Италијанската фудбалска репрезентација изминатата вечер многу потешко од очекуваното дојде до победа над Молдавија со 2-0, а по натпреварот Џенаро Гатузо ги бранеше неговите фудбалери од критиките.

Атмосферата пред натпреварот за Италија не беше најдобра бидејќи по триумфот на Норвешка над Естонија стана јасно дека Италија нема да може да дојде до првото место во баражот. Поради тоа Гатузо настапи со изменет состав и формација 4-4-2.

Италијанците доминираа во поседот на топката и имаа контрола, меѓутоа најголем дел од приликите немаа конкретна завршница. Отпроот на Молдвија беше скршен дури во 88 минута кога погоди Џанлукаа Манчини, а потоа во судиското продолжение Франческо Еспосито ги постави конечните 2-0.

Новинарите по натпреварот го запрашаа Гатузо дали смета дека овој натпревар е најслаб откако тој е на клупата.

„Што мислите, ова бил најдобар настап? Молдавија немаше удар во рамките од голот. Ако очекувавте да биде 11-1 колку што Норвешка ја победи Молдавија, тогаш тоа не е мој проблем. Тука нема лесни натпревари“, порача Гатузо.

Гатузо и ги пофали фудбалерите кои добија шанса.

„Во ред, да излезеш со 11 нови фудбалери од почетокот е тешко. Во себе чувствував дека денес дури и може да изгубиме со толку промени, но им симнувам капа, одиграа и подобро од она што го очекував“, додаде Гатузо.