Срушен светски рекорд: Навивач на Монако има колекција од над 1.000 дреса!

Навивач на Монако постави светски рекорд за најголема колекција на дресови од еден фудбалски клуб бидејќи досега собрал неверојатни 1.146 дреса од клубот од Кнежеството.

Навивачот по име Жулиен Бурон неодамна ја откри својата колекција во која има меѓу другите и дресови од: Мабпе, Анри, Мануел Амос, Фалкао, Трезе и Далио Онис кој е најдобар стрелец во историјата на клубот.

Како што соопшти Монако, официјален судиски службеник присуствувал на изложбата и потврдил дека со бројката од 1.146 е надминат претходниот рекорд кој го држеше навивач на Ливерпул од Швајцарија. Бурон откри деека неговата страст кон клубот започнала пред 25 години кога првпат присуствувал на натпревар помеѓу Монако и Оксер.

„Тоа беше година во која Монако ја освои седмата титула во француското првенство. Тој ден се заљубв, не во Оксер, туку во Монако и не престанав да го следам клубот“, изјави навивачот за клпскиотсајт.

Колекцијата на дресови почнал да ја собира кога поранешниот фудбалерр на овој клуб, Лукас Бернарди му го дал дресот кој го носел во сезоната 2006/2007. Најстариот дрес кој го поседува е од педесетите години на минатиот век кој го носел дефанзивеецот, Франсоа Лудо.