Поранешен репрезентативец на Велс ќе го спасува Вулвс од испаѓање

Eкипата на Вулвс денеска го назначи Руб Едвардс за нов предводник на тимот кој се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата.

Едвардс на клупата на премиерлигашот доаѓа од Миделсброу каде што одлично му одеше, но не го одби повикот да го спасува Вулвс од испаѓање. Со Вулвс 42-годишниот стратег потпиша договор до 2029 година, а пристигнува на местото на Витор Переира.

Во својата кариера како фудбалер, Едвардс беше и фудбалер на Вулвс, а го носеше дресот и на репрезентацијата на Велс.