Ништо ново: Уште еден убедлив пораз за Пелистер во ФИБА Европа (ФОТО)
Македонскиот вицешампион рамноправен противник беше само во почетните минути од натпреварот, а домаќините многу бзо дојдоа до двоцифрена предност и практично уштее тука го решија прашањето на победникот.
По првиот период на семафорот стоеше 27-17, а во втората четвртина предноста на италијанскиот состав и двојно се зголеми, а на пауза Пелистер замина со 16 негатива (49-33).

Во продолжение се беше само рутинска завршница во која македонскиот претставник немаше сили за нешто повеќе. Брејси-Дејвис со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, а го следеа Дамјан Крстевски со 16 и Никола Малешвиќ со 15 поени. Најрасположен во противничкиот табо беше Ноа Рејнолдс со 23 поени.
За Пелистер ова беше трет пораз во низа во Еврокупот и вкупно четврти во петиот натпревар, единствената победа ја забележа токму против Приевидза во Битола во првиот натпревар.


