Aшаданов: Девојките покажаа како се бори за Македонија, ќе бидат идоли на помладите!

Maкедонската женска кошаркарска репрезентација денеска оствари голема победа против Данска од 79-78 во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2027, а селекторот Ашаданов по натпреварот не го криеше задоволството.

Селекторот не пропушти и да им честита на девојките за големта борба која ја прикажаа на теренот, но исто така ја повика и публиката да дојде во поглем број за следниот натпревар кој го играме со Грција.

„Прво да им честитам на девојките за прикажаното и борбата на теренот, покажаа како се бори за националниот дрес, за мене е најубаво што овие девојки ќе бидат идоли за некои наредни генерции. Грција според мене е фаворит број еден во групата и некоја репрезентација која редовно игра на ЕП. Ќе испратам порака да дојде и публиката во поголем број да не поддржи, а овие девојки сигурно ќе излезат и ќе дадат се од себе и во тој натпревар“, изјави селекторот.

Дуелот против Грција е закажан за три дена во 18:00 часот.