Надежите до 19 години со пораз од Белгија ја започнаа битката за елитни квалификации
Избраниците на Ерхан Селими долго се држеа против еден од фаворитите во групата, но нашата одбрана попушти во 70. минута кога беше постигнат единствениот гол на натпреварот. Стрелец беше напаѓачот на младинскиот тим на Клуб Бриж, Јанис Мусај.
Во вториот натпревар Македонија на турнирот за три дена ќе се соочи со уште една силна селекција, домаќинот Португалија. Покрај Португалците и Белгијците во нашата група е уште репрезентацијата на Естонија со која ќе играме во третото коло.