Јилдиз ги прекина преговорите со Јувентус, следува трансфер во Реал!?

Требаше да биде само формалност, но се претвори во изненадувачки комплицирана ситуација.

Кенан Јилдиз и Јувентус не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката иако до неодамна се чинеше дека потпишувањето е само прашање на време. Разликите во ставовите станаа очигледни и не само по прашањето на парите, туку и по некои клучни детали од договорот.

Според италијанските медиуми, оптимизмот што постоеше пред неколку недели сега исчезна, а потпишувањето на турскиот напаѓач никогаш не било потешко. По месеци разговори, состаноци и обиди за наоѓање компромис, Јилдиз реши да ги прекине преговорите по последната средба. Како што пишува Газета дело Спорт, „чадот е сив, речиси црн“. Тоа е метафора што многу зборува за застојот и неизвесноста што го зафати Торино.

И Јувентус прифати да направи пауза, свесен дека Јилдиз има договор кој важи до летото 2029 година. Младиот играч, од друга страна, не сака да потпише нов, подолг договор кој не ги исполнува неговите очекувања, па затоа е подготвен да ја продолжи соработката под сегашните услови. Неговата плата е 1,7 милиони евра годишно, плус бонуси, што го става само на 19-то место по заработка во тимот. Само Перин, Ругани, Мирети, Кабал, Пинсољо и Аџиќ се под него, а тоа е поразително и за фудбалерот и за клубот.

За Јилдиз, ова е прашање на принцип. Очигледно, тој верува дека неговиот придонес на теренот треба да се одрази и на неговиот статус во клубот. Иако не бара плата како Душан Влаховиќ, кој заработува 12 милиони евра годишно, тој сака сума поблиска до онаа на Џонатан Давид со 6.000.000 евра, што би ја одразило неговата улога во тимот. Разликата од околу еден милион евра годишно помеѓу понудата и барањето можеби не изгледа голема, но е доволна за да ги држи преговорите во застој и да отвори врата за интерес од европските гиганти.

Ситуацијата околу Јилдиз внимателно ја следат најголемите европски клубови. Челси испрати понуда вредна 67 милиони евра минатото лето, а се очекува Реал Мадрид и Арсенал исто така да се приклучат во трката следното лето. За потсетување, Јилдиз пристигна во Јувентус без обештетување од Баерн во 2022 година, а неговата моментална пазарна вредност во случај на аукција помеѓу европските велесили би можела да надмине 100 милиони евра. Неодамна беше посочен како главна цел на Реал за идното лето со тоа што мадридскиот гигант е подготвен да понуди тому 100 милиони.

И покрај застојот во преговорите, односот помеѓу Кенан Јилдиз и Јувентус остана полн со почит и наклонетост. Младиот фудбалер играше со болки во коленото во последните недели, ставајќи ги интересите на тимот пред сопственото здравје. Гестот не остана незабележан од неговите соиграчи или од канцелариите на клубот.