Ужас: Бивш УФЦ-борец пронајден во ќелија со чаршаф околу вратот!

Поранешниот УФЦ-борец, Годофредо Кастро бил пронајден мртов во затворска ќелија на Флорида.

Бразилецот бил притворен поради обвинувања за семејно насилство врз сопругата, а против него беа поднесени и други кривични пријави.

Според обвинението, тој бил осомничен за киднапирање, физички напад и заканување на сведок, а неговиот случај наскоро требаше да се најде пред судот.

Американските медиуми пишуваат дека затворските чувари го пронашле поранешниот борец во ќелија со чаршаф околу вратот, по што докторите констатирале смрт.