Чурлинов: За нас не постои пријателски меч, одиме на победа против Летонија!

Македонскиот репрезентаитвец Дарко Чурлинов кажа дека нема да се опуштат против Летонија, иако станува збор само за пријателски натпревар, затоа што целта е да се оствари триумф на секој натпревар.

Чурлинов посочи дека е најважно да го испочитуваат договореното и плановите на селекторот Благоја Милевски на теренот, а на крајот да дојдат до победата.

„За нас не постои пријателски натпревар, секој следен меч за Македонија е приоритет, атмосферата е супер, имаме шанса благодарение на селекторот да ја претставуваме Македонија на ова ниво. Се надевам дека договореното ќе го покажеме на теренот. Најважно е да влеземе како треба против Летонија, секоја победа носи самодоверба и важно е да се триумфира“, кажа Чурлинов.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра в четврток од 18 часот.