Пик Сегед гостува во Битола: Пелистер ќе се обиде да ја прекине црната серија!

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска во Битола ќе го пречека Пик Сегед во рамки на седмото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Битолчани во моментов се наоѓаат во катастрофална серија од пет порази по ред во елитното натпреварување и тоа ќе се обидат да го променат денеска против Пик Сегед, кој оствари три триумфи по шест кола.

Овие две екипи последен пат се сретнаа во ЛШ во 2023 година, а тогаш Пик Сегед оствари минимална победа од 28-27, но сега „зелено-белите“ ќе направат сè што можат за да се реваншираат.

Пелистер е на претпоследната позиција со два освоени бодови, додека Пик Сегед е четврти со шест поени по шест одиграни натпревари во елитното натпреварување на ЕХФ.

Натпреварот меѓу Пелистер и Пик Сегед се игра вечерва од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.