Врвен безобразлук од Винисиус: Си одам ако остане Чаби Алонсо
Неволјите ги прави бразилскиот репрезентативец Винисиус кој се погласно ја искажува својата нетрпеливост кон тренерот Чаби Алонсо. Крилото на Реак неколку пати бурно реагираше на измените пред крајот на натпреварот, а иако се извини за своето однесување, шпанските медиуми тврдат дека ситуацијата во тимот е далеку од мирна.
Последните информации, објавени од новинарот Пепе Алварез велат дека Винисиус му поставил ултиматум на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Наводно, тој посочил дека нема да го продолжи договорот ако Чаби Алонсо остане на клупата и тоа само пет месеци откако шпанскиот стручњак ја презеде екипата.
Интересно е тоа што Винисиус и досега не беше блиску до потпишување нов договор затоа што бара иста плата како Мбапе, а Перез не се согласува со тоа. За Бразилецот има понуда од Саудиска Арабија во висина од 400 милиони евра и ако нешто не се смени, не е исклучено претстојното лето таа да биде прифатена.