Меси постигна еврогол, ама Интер загуби – ќе мора да игра „мајсторка“ (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами ќе мора преку „мајсторка“ да дојде до пласман во четврт-финалето на МЛС плеј-офот, откако ноќеска загуби на гостувањето кај Нешвил (1-2) со што беше изедначен резултатот во серијата.

Домаќините уште во првото полувреме обезбедија солидна предност од два гола разлика, со што ја поставија основата за победата. Единствен момент на радост за тимот на Лионел Меси беше токму голот на аргентинската ѕвезда во 90-тата минута, кога по индивидуален продор од десната страна прецизно погоди за намалување на резултатот.

Одлуката за тоа кој ќе продолжи во следната рунда ќе падне на решавачкиот натпревар, кој ќе се одигра следниот викенд во Мајами.

ФОТО: EPA PHOTO