Крај на агонијата: Ливерпул славеше во Премиер лигата по пауза од 40 дена (ВИДЕО)

Шампионот на Англија, Ливерпул ја прекина серијата од четири порази во домашното првенство откако вечерва на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2-0.

Во последните седум меча „црвените“ имаат само еден триумф, а во Премиер лигата последен пат славеа на 20 септември кога го совладаа градскиот ривал Евертон со 2-1. Денешната победа очајно им беше потребна бидејќи Арсенал претходно триумфираше и постоеше опасност разликата дополнително да биде зголемена.

Резултатот го отвори Мохамед Салах со својот прв гол на Енфилд по 15 август кога погоди во дуелот со Борнмут. Конечните 2-0 ги постави Гравенберх во 58. минута.

Со оваа победа Ливерпул се искачи на третото место на табелата, но може да го расипе својот пласман ако во ова коло победат Сандерленд или Манчестер Сити кои заостануваат бод односно два. Далеку пред нив е Арсенал со 25 бода.