Ал Наср доби 15 минути судиско продолжение и пенал за да победи (ВИДЕО)
Ремесеиро ги доведе гостите во водство во 13. минута, а на израмнувањето се чекаше до 37. минута, кога по една одлична акција на домашниот тим, Коман му асистираше на Роналдо, а овој го совлада противничкиот голман од работ на шеснаесетникот за 1-1.
Тој резултат остана на сила до последните моменти од натпреварот кога се случија нови контроверзни моменти. Главниот судија го продолжи натпреварот 15 минути, а дури во последните моменти домашните добија пенал, кој Роналдо го претвори во гол за триумф.
Ова е седма победа на Ал Наср во исто толку одиграни натпревари, па затоа тие се уште се сами на првото место со 21 бод, пред Ал Тавон кој има три бода помалку. Ал Итихад претходно одигра 4-4 и сега има 10 бода заостанување зад Ал Наср.