Наполи освои само бод, да не беше Милинковиќ-Савиќ ќе останеше и без него (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Наполи би можел утре повторно да го изгуби првото место на табелата откако денеска одигра без голови на домашен терен против Комо.

Гостинскиот тим е едно од пријатните изненадувања во Серија А оваа сезона и многу лесно можеше да ги однесе и останатите два бода од денешниот меч. Херој на Наполи беше голманот Милинковиќ-Савиќ кој одбрани уште еден пенал, овојпат на Алваро Мората кој на крајот се покажа клучен за крајниот исход.

Натпреварот донесе уште едно разочарување за Наполи бидејќи во првото полувреме се повреди и Били Гилмор, еден од најстандардните во тимот на Антонио Конте оваа сезона. На негово место влезе Елиф Елмас кој во вториот доби жолт картон, но не успеа да го постигна првиот гол оваа сезона.

Наполи сега е осамен на првото место на табелата со 22 бода, но може утре да падне на втората позиција ако Рома слави во дербито со Милан на Сан Сиро.