Атлетико реди победи, момците на Симеоне ја уништија Севиља! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде до третата победа по ред во Ла Лига откако ја совлада Севиља со убедливи 3-0 на Ванда Метрополитано.

Мрежите мируваа повеќе од еден час, а тогаш Атлетико доби пенал. Најстрогата казна ја реализираше Алварез во 64. минута за водство од 1-0.

По водството работите беа полесни за тимот на Симеоне. Во 77. минута Алмада зголеми на 2-0 и веќе беше јасно кој ќе го добие натпреварот.

Точка на мечот стави Гризман во 90. минута поставувајќи ги конечните 3-0.