На повидок скандал: УЕФА го украла новиот формат за Лигата на шампионите?!

Со сезоната 2024/2025 Лигата на шампионите започна со примена на новиот формат во кој групната фаза беше заменеата со лигашки систем кој има за цел да донесе неизвесна борба до самиот крај и повеќе дерби натпревари.

Но, сега тој формат предизвика бурни реакции. Чилеанската консултантска компанија „MatchVision“ поднесе тужба против УЕФА, тврдејќи дека европската куќа на фудбалот го ископирала нивниот оригинален концепт за лига со 36 клубови. Според тврдењата, идејата и алгоритмите ги патентирал основачот на компанијата, Леандро Шара, уште во 2006 година, а УЕФА била запознаена со проектот во 2013.

ФИФА, наводно, официјално ја признала „MatchVision“ како носител на ексклузивните права за овој систем. Поради тоа, Шара лично побарал 200 илјади евра обештетување, додека компанијата тужи за дури 20 милиони евра, обвинувајќи ја УЕФА за „кражба на форматот“.

Реагираа и од УЕФА  од каде што очекувано ги отфрлија сите обвинувања како целосно неосновани.