
Пукна „петарда“ - катастрофа на Лугано и Алиоски
Словенците како гости славеа со 5-0 и завршија огромен дел од работата кога станува збор за пласманот во следната фаза од квалификациите за Конференциската лига. Два гола постигна Ковачевиќ, а по еден Штурм, Забуковник и Квесиќ за еден од најтешките европски порази во историјата на Лугано.
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ги одигра сите 90 минути во дресот на швајцарскиот тим, но не можеше да ја спречи катастрофата.