Крсте Велковски договори мега засилување - во Сараево дојде екс играч на Рома и Интер

Поранешниот голем талент на српскиот фудбал Адем Љајиќ официјално е нов играч на култниот босански клуб Сараево.

Тоа е уште една голема зделка на некогашниот македонски репрезентативец Крсте Велковски кој од летово е спортски директор на клубот од босанската престолнина. Љајиќ дојде од Нови Пазар, но во својата богата кариера играше во неколку врвни европски клубови, пред се Фиорентина, Рома и Интер. Впечаток е дека не го искористи својот талент до крај поради што последните три години беше далеку од европската фудбалска елита.

„Благодарам на сите за укажаната чест, сигурно со своето однесување на теренот и надвор од него ќе ѝ помогнам на екипата да оствари што подобар резултат. Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб и се надевам дека брзо ќе се видиме на Кошево“, изјави Љајиќ на промоцијата.

Летово тој имаше понуди и од други клубови од регионот, меѓу кои и од Партизан чиј член беше на почетокот на кариерата, од 2008 до 2010 година.