
Шешко пристигна на медицински прегледи пред потписот со Јунајтед (ВИДЕО)
Робусниот напаѓач постигна договор со Јунајтед, двата клуба исто така се договорија и Шешко треба во текот на утрешниот ден да ги помине лекарските прегледи и да биде претставен како нов играч на „ѓаволите“.
Словенецот доаѓа од Лајпциг каде играше претходните две сезони и се промовира во еден од најдобрите напаѓачи во европскиот фудбал.