
Матиќ: По успешната европска авантура, Вардар е фокусиран на домашното првенство
„Црвено-црните“ летово се вратија на европска сцена по пауза од седум години, играа во квалификациите за Конференциската лига и веќе одиграа официјални натпревари, за разлика од Пелистер кој досега се среќаваше со ривали во рамките на своите подготовки. Хрватскиот интернационалец во редовите на Вардар, Мислав Матиќ со нетрпение го очекува утрешното дерби, во надеж дека неговиот тим ќе излезе како победник.
„„Конечно стартува шампионатот за кој се подготвувавме цело лето. По успешната европска авантура, сега целосно сме фокусирани на домашното првенство. Не може да се посака подобар старт, вечно дерби против Пелистер, под рефлектори, пред нашите навивачи. Вистинско уживање. Сконцентрирани сме, подготвени и максимално мотивирани.
Пелистер е незгоден противник и сигурно ќе дојде во Скопје по позитивен резултат. Но, ние сме Вардар, играме дома, во идеални услови и ќе дадеме се од себе за трите бода со помош и на нашите верни навивачи“, вели Матиќ.
Утрешниот натпревар се игра со почеток од 20 часот и уште отсега предизвикува голем интерес кај љубителите на фудбалот во Скопје и Битола.