Одбојкарките се собраа во Маврово и почнаа со подготовки за евроквалификациите (ФОТО)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска се собра во Маврово, каде што ќе ги почне подготовките за квалификациите за Европското првенство (ЕП).

На собирот се појавија сите 18 репрезентативки, кои беа на потесниот список на селекторот Стефан Пауновиќ и ќе се подготвуваат за дуелите против Австрија и Грција.

Првата недела од подготовките ќе помине во Маврово, а потоа продолжуваат во Скопје каде што ќе се темпира формата за двата натпревари.

Натпреварот против Грција е закажан во Скопје на 3 август од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека мечот против Австрија се игра во Виена на 9 август.

Фото: Facebook/Одбојкарска федерација на Македонија