Светот ќе добие нов шампион: Хрватска загуби од Унгарија, a Србија ги прегази Американцитe

Хрватската ватерполо репрезентација беше елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство (СП) од Унгарија со 12-18, додека Србија славеше против САД со 14-9.

Хрватска и Унгарија одиграа возбудлив натпревар, меѓутоа актуелниот шампион го загуби темпото против ривалот и му дозволи да се пласира во полуфинале.

Србија, од друга страна, беше одлична против САД и со триумфот од 14-9 се пласира во полуфинале каде што ја чека пресметка против Унгарија.

Во второто полуфинале ќе се соочат селекциите на Шпанија и Грција.

Фото: EPA PHOTO