
Арсенал се откажува, сега Јунајтед е прв фаворит за потписот на Ѓокереш
Наводно, „црвените ѓаволи“ се согласни да ги исплати бараните 80 милиони евра, а како свој адут за привлекување на шведскиот репрезентативец го имаат менаџерот Рубен Аморим кој до минатата есен работеше токму во Спортинг. Информациите од Англија велат дека претставници на Јунајтед веќе стапиле во контакт со португалскиот клуб и работат на трансферот.
Сепак, Ѓокереш не е воодушевен од оваа можност и инсистира на трансфер во Арсенал. Тој се уште не се појавил на подготовките на Спортинг, се наоѓа во Шведска и оттаму ја следи ситуацијата поврзана со неговата иднина.