
Ц. Звезда е еден од можните противници на Шкендија за третото квалификациско коло во ЛШ!
Шкендија го мина првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и сега ја чека двобој со Стеауа која покажа слабост на стартот, но ќе важи за голем фаворит против македонскиот шампион.
Првиот натпревар се игра веќе во вторник во Скопје, а реваншот е во Романија. Тетовскиот тим денеска ги дозна можните противници и ако ја мине Стеауа и ако загуби од неа.
Ако Шкендија направи изненадување и ја помине Стеауа, за можни противници има екипи како Црвена звезда, Ференцваротш, Макаби Тел Авив, Слован Братислава, Копенхаген...
Доколку Шкендија биде елиминирана од Стеауа, ќе продолжи во квалификациите од Лига Европа каде за можни противници ќе има екипи како Риека, Лудогорец, Пафос, Црвена зведа...