Македонија заврши со победа над Словачка за 17. место на ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со победа над Словачка од 65-64 го заврши настапот на Европското првенство Б-дивизија на 17. место.

Денешната победа над Словачка беше четвртиот триумф на кошаркарите на ова првенство. Се чини дека оваа селекција има квалитет и за многу повеќе од 17. место со оглед на тоа дека победи репрезентации со традиција меѓу кои и Швајцарија која денеска ќе се бори за третото место.

Денешниот меч против Словачка беше полн со пресврт. Македонија водеше 10 разлика на полувреме, беше 35-25 за нас. Имавме и плус 14 на стартот од третиот период, но следуваше црн период за нас во кој противникот го полнеше нашиот кош. 

Словачка комплетно го сврте натпреварот и поведе со седум разлика на почетокот од последниот период, беше 55-48 за нив. Сепак, кога се решаваше победникот Македонците направија серија од 13-2 и успеаа во незивесен финиш да дојдат до победа од 65-64.

Марко Луковски беше играч на натпреварот, имаше фантастичен скор од 19 поени и 19 скокови, за малку дабл-дабл ќе направеше и Павел Иванов кој мечот го заврши со 14 поени и девет скокови.