
Се пензионира еден од најголемите УФЦ борци на денешницата - со пораз!
На разочарување на публиката во неговата родна Луизијана, се прости со пораз од Макс Холовеј, во борба до 70 килограми (лесна категорија), која како влог го имаше ревијалниот БМФ-појас.
Холовеј победи со едногласна судиска одлука, со резултат 48-47, 49-46, 49-46 откако и двајцата забележаа по еден нок-даун, но тој беше поактивен и попрецизен низ петте рунди. За „гордоста на Хаваи“ ова беше 27. победа во кариерата со 35 борби, додека 36-годишниот Порие ракавиците ги спушти со конечен скор од 30 победи и 10 порази во 41 ММА-борба (една без победник).
Од нив 32 беа во УФЦ (22-9-1), почнувајќи од 2011 година до денеска, период во кој еднаш стана привремен шампион во лесна категорија (2019 година), совладувајќи го токму Макс Холовеј за појасот. Потоа се бореше и за апсолутната титула, во септември 2019, но загуби од Хабиб Нурмагомедов.
Важен белег во кариерата му остави и трилогијата против Конор Мекгрегор, која почна со победа на Ирецот, со нокаут, во 2014 година, за Порие да ја добие својата одмазда во 2021 година и тоа со две победи.