Познато е колку заработија Усик и Дубоа за спектаклот на Вембли - ги наполнија сметките!

Олександр Усик со нокаут во петтата рунда го победи Даниел Дубоа и ги обедини титулите во тешка категорија, а сега излегоа и бројките за парите кои двајцата боксери ги заработија.

На сметката на Усик ќе легнат 114 милиони евра, додека Дубоа ќе биде побогат за 61 милион евра. 

Овие двајца боксираа и пред две години, но тогаш хонорарите им беа смешни споредено со она што го заработија сега. За таа победа во 2023 Усик заработи пет милиони евра, а Дубоа 1,7 милион евра.

За Усик ова беше 24. победа во професионалната кариера, 15. со прекин. Дубоа по третпат загуби, а вторпат од Усик. Остана на 22 победи.

Фото: EPA Photo