
Нов пресврт во трансфер сапуницата на Ѓокереш, неговиот татко дури и заплакал!
Последните информации велат дека зделката е на праг да пропадне поради големиот апетит на Спортинг кој сака да наплати 80 милиони евра, а Арсенал не ја дава таа сума.
И покрај сиот допринос кој го имаше во изминатите сезони, Спортинг нема милост кон Ѓокереш и се чини дека повеќе работи да му го загорчи животот отколку да изрази благодарност и да ја прифати понудата на Арсенал која ионака не е мала.
Според одредени шведски медиуми, таткото на Ѓокереш во петокот дури и заплакал поради тоа што работите не се одвиваат како што посакуваат тие.
Се чинеше дека работата е готова, дека се е договорено, но Спортинг ги минираше преговорите со други барања.
Останува да се види дали трансферот и дефинитивно ќе пропадне или ќе има уште некој пресврт во наредните денови.