Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид влегува во нова ера без хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, а раководството на тимот веќе ги избра капитените за следната сезона.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека Дани Карвахал ќе биде прв капитен на тимот, додека негова замена ќе бидат Феде Валверде, Тибо Куртоа или Винисиус Жуниор.

Карвахал ќе ја носи капитенската лента без разлика кој друг од останатите ќе биде на теренот, а доколку не биде во конкуренција за некој меч, тогаш по редослед лентата би му следела на Валверде, Куртоа или Винисиус.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.