
Пелистер добива нов голман: Иранец од Партизан се сели во Битола?!
Хаидарирад го прекинал договорот со екипата од Белград, по што решил да го облече дресот на битолчани со кои ќе настапи во Лигата на шампиони (ЛШ).
Засега нема потврда за трансферот од Пелистер, меѓутоа според „Википедија“, Хаидарирад е веќе член на македонскиот тим.
Иранецот има 34 години, а пред Партизан играше и за Динамо Букурешт од 2017 до 2024 година.