„Бомба“ во Шпанија: Барселона тргна по ѕвезда на Реал Мадрид

Шпанскиот шампион Барселона планира да се засили со уште неколку фудбалери до крајот на летниот преоден рок, а еден од нив би можел да биде Родриго од Реал Мадрид.

Трансферите меѓу вечните ривали се ретки, но овој пат би можела Барселона да добие засилување од Мадрид, откако Чаби Алонсо го отпиша Родриго од тимот.

Медиумите пишуваат дека Барселона го контактирала агентот на Родриго и во следниот период ќе ги договараат личните услови.

„Кралевите“ за услугите на Родриго бараат околу 100 милиони евра, но засега не е познато дали Барселона има можност да плати толку пари.

Фото: Facebook/FC Barcelona