
Челси и Арсенал во жестока борба за фудбалер вреден 70 милиони евра
Новинарот Фабрицио Романо објави дека лондонските ривали се заинтересирани за репрезентативецот на Холандија, чија вредност се проценува на 70 милиони евра.
Симонс има голема желба да игра во Премиер лигата и поради тоа ангажира врвен агент за да му обезбеди трансфер во Англија.
Во текот на кариерата играше за младинскиот тим на Барселона, па во ПСЖ пред да се пресели во ПСВ од Ајндховен, а на крајот повторно преку ПСЖ заврши во Лајпциг.