Вардар платил 30.000 евра за да го назначи Чупиќ како нов тренер!

Управата на Вардар платила 30.000 евра отштета за да го ослободи Иван Чупиќ од неговиот договор со Метковиќ, со кој имал договорна обврска и да го назначи за нов шеф на стручниот штаб.

Хрватот, кој со Вардар како играч освои две титули во Лигата на шампионите, повторно доаѓа во „Јане Сандански“ со нова улога и јасна цел – враќање на клубот на старите патеки на успехот.

„Со тешко срце донесов одлука да заминам. Метковиќ е мој дом, но кога стигна повикот од Скопје, знаев дека тоа е шанса што не се одбива. Им благодарам на сите во клубот за довербата и поддршката. Ова не е збогум, туку само довидување“, изјави Чупиќ по заминувањето од досегашниот клуб.

Вардар со новиот тренер ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Пелистер во домашното првенство, но и да се покажа во што подобро светло во Европската лига, каде е во група со Кристијанштад, Феликс Тулуз и со победникот од квалификацискиот двомеч меѓу Дуго Село и Сесвете.