Ако не дојде до потписот на Луис Диаз, Барса има план Б!

Барселона е заинтересирана за Луис Диаз од Ливерпул, но нема намера по секоја цена да го купува колумбискиот фудбалер.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона нема намера да плати повеќе од 60 милиони евра за Луис Диаз. Клубот не планира да влегува во војна со наддавање со оглед на тоа што и Баерн Минхен сака да го има фудбалерот.

Каталонците имаат план Б, а тоа е Маркус Рашфорд кој треба да си ја намали платата за да потпише за Барселона.

Англичанецот сака да потпише само за Барселона, каталонскиот клуб нема проблем со тоа, но не го посакува очајно Рашфорд. И покрај тоа големи се шансите да се засили со него доколку отпадне можноста за ангажман на Луис Диаз.