Спортинг и Арсенал не се договорија - Ѓокереш не отпатува со „топчиите“ во Азија

Шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш најверојатно ќе ја пропушти азиската турнеја на Арсенал откако лондонскиот клуб и Спортинг не успеаја да постигнат договор за негов трансфер.

Британските медиуми претходните објавија дека клубовите се согласиле на 55 милиони фунти, плус 7,4 милиони во бонуси, а Ѓокереш прифатил петгодишен договор. Сепак, се уште нема никаков официјален договор меѓу двата клуба, а напаѓачот се уште е во Шведска и денеска не отпатува со тимот на азискиот континент. Дали на Арсенал ќе му се приклучи дополнително, ќе се знае во следниот период, а „топчиите“ својот прв натпревар го играа в среда.

За време на турнејата на Далечниот исток, Арсенал ќе игра со Милан, Њукасл и Тотнем. Ако во меѓувреме не биде постигнат договор, Ѓокереш првпат би заиграл најрано на 6 август кога лондонскиот тим го пречекува Виљареал на својот стадион.