
Бекер воодушевен од Италијанeцот: Синер е ист како Ѓоковиќ
Италијанецот минатата недела триумфираше на Вимблдон и стигна до својот петти Гренд слем трофеј во кариерата, а на патот до него без никакви проблеми и во три сета го елиминира Новак Ѓоковиќ.
„За да освои нова Гренд слем титула, Ѓоковиќ веројатно ќе треба да ги победи Алкараз и Синер. Таков беше случајот на Вимблдон и покрај тоа што Новак рече дека на тој турнир има најголем шанси за триумф. На мечот со Синер, тој беше свеж во првите два сета, но не можеше да парира. Според мене, Јаник е истата верзија на Ѓоковиќ, само 15 години помлад од него“, рече Бекер.
Синер идниот месец ќе наполни 24 години, а веќе има четири Гренд слем трофеи во својата кариера. Во тој сегмент е далеку подобар од Ѓоковиќ на истата возраст.