Шкендија се засили со фудбалер од Тетово кој игра за Албанија!

Актуелниот македонски шампион Шкендија го врати албанскиот репрезентативец Арбин Зејнулаи во Тетово како ново засилување за следната сезона.

Зејнулаи се врати во својот матичен клуб, откако претходно имаше кратка епизода во Работнички и потоа играше три сезони во албанска Егнатиа.

Овој фудбалер претходно играше за Шкендија од 2016 до 2021 година, по што потпиша за Локомотива Загреб.

Фото: Facebook/KF Shkëndija