Проблеми за Анчелоти: Реал ќе биде без важен фудбалер следните два месеци

Реал Мадрид се соочува со проблеми пред продолжение на сезоната затоа што Дани Себалјос се повреди и го чека пауза од два месеци.

Себалјос се повреди на првиот меч од полуфиналето во Копа Дел Реј против Реал Сосиедад, а прегледите покажаа дека станува збор за тешка повреда.

Шпанскиот фудбалер оваа сезона настапи на 31 меч за „кралевите“ во сите натпреварувања и беше еден од најважните играчи на Реал Мадрид.