Претседател на клуб ги критикуваше судиите, па доби суспензија од 15 меча!

Првиот човек на францускиот гигант Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија доби жестока казна поради тоа што ги критикуваше судиите.

По натпреварот меѓу Марсеј и Оксер, Лонгорија кажа дека судиите го ограбиле неговиот тим, но и дека постои корупција, а тоа не му се допадна на францускиот фудбалски сојуз.

Лонгорија доби суспензија од 15 натпревари и ќе остане без пристап до теренот во следниот период.

Казната ќе мора да ја отслужи во следната сезона затоа што до крајот на францускиот шампионат има уште 11 меча.