Гарначо му се налути на Аморим, Португалецот објаснуваше зошто го извадил!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим објасни зошто решил да го повлече од игра Алехандро Гарначо пред крајот на првото полувреме против Ипсвич и порача дека ќе разговара со Аргентинецот за гестот кој го направи кога го напушти теренот.

„Ѓаволите“ синоќа со 3-2 славеа против Ипсвич во возбудлив и драматичен натпревар во кој домаќините цело полувреме играа со играч помалку откако пред финишот на првиот дел, Патрик Доргу заработи црвен картон.

Како последица на ова, Алехандро Гарначо беше повлечен од игра, а на негово место влезе Нусаир Мазрауи.

Аргентинецот беше видно разочаран и нервозен и реши право да се упати во соблекувална наместо да седне на клупата за резерви.

„Можеби поради тоа што беше ладно и врнеше дожд, не знам“, рече Рубен Аморим по крајот на натпреварот за потегот на Аргентинецот.

„Го повлеков од игра бидејќи идејата ми беше да играме со формација 5-3-1. Знам дека постои ризик кога го вадите единствениот играч кој има брзина и умее да направи разлика кога игра еден на еден, но сметав дека на овој начин можеме подобро да го контролираме натпреварот“.

„Видете, некој мораше да излезе. Во предвид ги земав и прекините, и на крајот одлучив како што одлучив“.

Кога беше притиснат да каже нешто повеќе за гестот на Алехандро Гарначо, тренерот на Манчестер јунајтед рече: 

„Сакате да направите споредба со Рашфорд, така? Знам, знам“.

„Секако дека ќе разговарам со Гарначо, па на следната прес конференција ако прашате пак, можеби ќе имам нешто повеќе да ви кажам“.