Стаорци на Олд Трафорд ги пречекаа фудбалерите на Јунајтед и Ипсвич (ФОТО)

И на овој натпревар на Манчестер јунајтед стаорците беа гости на Олд Трафорд, а можеби и веќе се одамаќинети таму.

Од пред извесно време излезе вест дека на Олд Трафорд врие од стаорци, а потоа речиси во секое коло навивачите ги сликаа овие животинки кога ќе се појавеа.

Така беше и сега, пред почетокот на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Ипсвич, фотографите уловија стаорци како шетаат по теренот.