„Бомба“ од Мадрид: Реал ќе купи ново засилување од Премиер лигата

Шпанскиот гигант Реал Мадрид има сериозни проблеми во одбраната оваа сезона, па затоа планира да ангажира нови засилувања, а на листата со желби на тимот е Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

Ван Дајк има договор до следното лето со лидерот во Премиерлигата, а најверојатно потоа ќе си замине од „Енфилд“ и токму тоа сака да го искористат „кралевите“.

Англиските медиуми пишуваат дека Ван Дајк во претходните денови постигнал договор со гигантот од Мадрид, а се очекува неговиот трансфер да биде потврден по Нова година.

Холанѓанецот оваа сезона одигра 21 меч и притоа постигна два голови и една асистенција за Ливерпул.