„Мурињо го напушта Истанбул - има здравствени проблеми!“

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо денеска ќе замине од Истанбул за да реши здравствени проблеми со кои се соочува веќе некое време.

Легендарниот португалски тренер ќе оди на операција, а тоа го најави новинарот Јагиз Сабунчоглу.

„Мурињо го напушта Истанбул, ќе оди на операција надвор од земјата поради неговите здравствени проблеми“, кажа Сабунчоглу.