Чурлинов, Николов и Шишковски ги дознаа противниците за плејофот во КЛ

Денеска беше извршена ждрепката за плејофот за пласман во осминафиналето од Конференциската лига.

Јагелонија на Чурлинов за противник го доби тимот на ТСЦ Бачка Топола, додека Николов и Шишковски со Борац Бања Лука ќе играат против Олимпија Љубљана.

Плејоф за пласман во осминафинале:

Гент - Бетис
Копенхаген - Хајденхајм
Викингур - Панатинаикос
Борац Бања Лука - Олимпија Љубљана
Целје - АПОЕЛ
Омонија - Пафос
ТСЦ Бачка Топола - Јагелонија
Молде Шамрок Роверс

Првите натпревари се играат на 13 февруари следната година, реваншите се седум дена подоцна.

Директен пласман во осминафиналето обезбедија: Челси, Гимараеш, Фиорентина, СК Рапид, Ѓургарден, Лугано, Легија и Серкл Бриж.