Прокисна кровот на салата „Нико Нестор“: Струга и Пелистер ќе играат во Битола
Како што информираа од редовите на Струга местото на одигрување е преместено поради прокиснување на кровната конструкција на салата на самиот терен.
„Заради лошите временски услови во Струга, во салата Нико Нестор настанато е прокиснување од кровната конструкција на самиот терен. Се надеваме дека истото брзо ќе се санира. Утрешниот натпревар во Супер машката лига“, објави Струга.
Натпреварот е закажан со почеток од 13-00 часот.