Роналдо му се нудел на Манчестер Сити, но Пеп го одбил

Пред три години, Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Јувентус и да се врати во Манчестер Јунајтед, но пред да потпише по вторпат за клубот од Олд Трафорд, имал кратка епизода со најголемиот ривал Манчестер Сити.

Во тој период се зборуваше дека Сити бил заинтересиран за португалскиот ас и дека во последен момент во приказната се вклучил Алекс Фергусон кој, наводно, го убедил Роналдо да потпише за Јунајтед. Дејли меил сега открива дека ситуацијата не била баш таква и дека Гвардиола го откачил Роналдо.

„Кристијано му се понуди тоа лето на Манчестер Сити, но Пеп не беше заинтересиран. Немаше дилема дека Гвардиола го респектира Роналдо и дека знае за неговата одлична физичка состокба, но сметаше дека не може да се вклопи во неговата филофозија и во тимот кој беше прецизно составуван. Затоа ја одби можноста да го донесе во екипата“, пишува Дејли меил.

Роналдо потоа потпиша со Јунајтед, но се покажа дека тоа не е вистински потег затоа што „ѓаволите“ беа во лош период, без квалитетен стручњак на клупата и не беа конкурентни за висок пласман. Португалецот постигна 19 гола на 40 натпревари, подоцна влезе во конфликт со Ерик Тен Хаг и во јануари 2023 година го напушти клубот по што се пресели во Ал Наср каде уште игра. Факт е дека иако важи за еден од најдобрите голгетери на сите времиња, за Роналдо не постоеше интерес од ниеден врвен европски клуб.