Фудбалерот на Баерн пијан возел Ламборгини од 216.000 евра
Левиот бек на германскиот гигант бил запрен со Ламборгини Урус вредно 216.000 евра, а по направениот алкотест било утврдено дека возел со 0.6 промили алкохол во крвта.
Полицијата го запрела Канаѓанецот во околу два часот наутро и по направениот алкотест не му било дозволено да продолжи да управува со возилото, па негов пријател го возел до дома.
Дејвис поради овој прекршок го чека само прекршочна казна бидејќи во Германија според законите криминален прекршок е ако лицето вози со над 0.8 промили алкохол. Казната која ќе мора да ја плати изнесува 500 евра.