Дејвис се договорил со гигант, но трансферот го кочи - неговиот менаџер!
Новинарот Кристијан Фалк објави дека Дејвис добил понуда и за продолжување на соработката со Баерн Минхен, но менаџерот ја одбил таа идеја и го фаворизира Манчестер јунајтед.
Менаџерот наводно сака да го натера Дејвис да потпише за „црвените ѓаволи“, кои нудат повеќе пари за разлика од Реал кој е познат дека не сака да се натпреварува со останатите гиганти во однос на платата.