Реал Мадрид тргнува по потписот на 17-годишен Хрват

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за Хрватот, Лука Вушковиќ кој сезонава како позајмен фудбалер настапува од Тотнем во Вестерло.

Со своите 17 години Вушковиќ сезонава собра 14 настапи во кои постигна четири гола и еднаш асистираше. Кога ќе наполни 18 години би требало да се приклучи на Тотнем кој за него плати 14 милиони евра.

Но, сега се појави Реал Мадрид кој наводно ќе тргне по неговиот потпис на лето.

Станува збор за фудбалер кој веќе испиша историја за Хајдук станувајќи најмлад дебитант на официјалните натпревари на тимот од Сплит. Дебитираше во дербито со Динамо на само 16 години и два дена, а три дена подоцна постигна и гол во натпревар од купот.